Алијанса за Албанците нема да го поддржи изборот на Талат Џафери за спикер на Собранието

Алијанса за Албанците од собраниската говорница денеска порача рече дека нема да присуствуваат во изборот на Талат Џафери за претсeдеател на Собранието затоа што не сакаат да учествуваат во изборот на функционер „со вреќа на украдени гласови од страна на ДУИ“.

По ова реагираше пратеникот Изет Меџити од ДУИ кој во својата реплика истакна дека се неосновани обвинувањата на Алијанса за Абанците за спроведените избори после кои немаше ниту еден доказ за какво било фалсификување на волјата на граѓаните.

Претходно и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ објави дека нема да го поддржи предлогот за реизбор на Талат Џафери за претседател на Собранието.

Пратеникот Никола Мицевски образложи дека Џафери и во изминатиот мандат не ја вршел добро функцијата, Деловникот бил постојано прекршуван и 40 отсто од законите биле носени по скратена постапка со што била оневозможена дебата.