Алијансата за Албанците: Да се истражат сите случаи во кои се инволвирани функционери на ДУИ

31

Алијансата за Албанците ја поздравува одлуката на Обвинителството да го расветли и до крај да го истражи случајот „Рекет“, носејќи ги на обвинителна клупа сите инволвирани во случајот вклучувајќи ја и Катица Јанева.

Апелираме до надлежните правни институции да ги истражат сите случаи во кој се инволвирани функционери на ДУИ, почнувајќи од случајот „Маџар телеком“, „Титаник 3“, „Пациент“, како и случајот со злоупотреби во Пензиско-инвалидскиот фонд.

Алијансата за Албанците смета дека ако сакаме да имаме целосна правда,тоа не треба да биде селективна и да важи само за еден дел од режимот, туку треба да биде бескомпромисно и да ги опфати сите без исклучок.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.