Алијансата за Албанците со поддршка за Коњановски

Кандидатот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата, Тони Коњановски имаше средба со претседателот на огранокот на Алијансата за Албанците во Битола, Лирим Селими.

„Почитувани браќа Албанци! Изразувам огромно заоволство од средбата со кандидатот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија – добриот човек и пријател на многумина доктор Тони Коњановски. Задоволен сум што идеите и проектите за нашата Битола, ќе значат подобрување на животот на секој нејзин граѓанин, вклучително и на животот на секој од нас Албанците кои живееме во Битола. Развиена и просперитетна Битола, гарантирана со програмата на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата, традиционалните мирољубиви односи и соживотот во Битола, ме охрабруваат дека во Битола вистина ќе дојде ново време и подобри услови за живот на сите нејзини граѓани. Ние сме на вистинската страна, ние ќе го поддржиме доктор Тони Коњановски, зашто сакаме вистина подобар живот и развиена Битола, рече Селими.