Алијансата за Албанците: Зошто корумпираните и инкриминираните од ДУИ се заштитени како „бели мечки“!?

Од Алијансата за Албанците прашуваат зошто корумпираните и инкриминираните од ДУИ се заштитени како „бели мечки“!?

„Почитуван вицепремиер за евроинтеграции, со целиот ваш медиумски ентузијазам да зборувате за случајот „Рекет“ или евроинтеграциите, случајот за кој вие сте осомничени е наречен „Пациент“, исто како и називите „Рекет“, „Империја“, „Маѓар телеком“, „Титаник“, „Тврдина“ итн.  Ова прашање никогаш не се отвори затоа што вие и вашиот субјект имате политичко влијание, за да се постапува и да се води истрага само за случаи во рамките на рокот, согласно Законот за специјалното јавно обвинителство?“, прашуваат од Алијансата за Албанците

„Прашањето е, зошто зборуваме за довербата во владеењето на правото, за случајот „Рекет“ или евроинтеграција?

Вашиот политички субјект – ДУИ е најцрната дамка на разнишаниот правосуден систем“, тврдат од оваа партија.

Алијансата за Албанците потсетува дека на јавноста и се свежи сеќавањата како Министерство за правда, заедно со функционери на ВМРО, го зазеле Судот, Главниот обвинител. Нагласувајќи дека оваа инсталација направила инкриминирани функционери да бидат заштитени од криминалот.

„За жал, тоа навистина се случува, затоа што досега не се изведени пред лицето на правдата и немаме судска одлука за ниту еден функционер на ДУИ или, пак, нема индикации или сомневања за криминал и корупција за нивни поранешни функционери.

Значи, ова е вистината. Зошто криминалците од ДУИ се заштитени од правда за нивниот криминал и се недостапни од правната држава. Моќ, која за жал, за функционерите на ДУИ не постои“, велат во реакцијата од Алијансата за Албанците по денешната прес-конференција на Бујар Османи кој нагласи дека остануваат неполни два месеца од клучните состаноци на ЕУ, на кои се очекува потврдата за почнување преговори и упати апел до сите да излезат од партиските матрици и да обезбедат стабилна, просперитетна, европска иднина на земјата.
Тој упати апел до помалите албански политички партии да не го користат „Рекет“ за дневно-политички препукувања.
„Евтината злоупотреба на „Рекет“ е израз на незрелост и неодговорност и ја загрозува нашата позиција како сериозна земја кај меѓународните партнери“, рече Османи.

На ова од Алијансата велат: „Без разлика дали сме мала или голема опозициска партија, бидете трпеливи до денот на парламентарните избори, од кои вашиот субјект се плаши и во никој случај не сака тие да се одржат“.