Алијанса за Албанците се налути за новите пари: Заев нема да можеш да манипулираш со Албанците

Владата на СДСМ-ДУИ, заедно со Народна банка на Северна Македонија, вчера не известија дека на новите банкноти нема да фигурира албанскиот јазик, велат од Алијанса на Албанците.

Оценуваме дека оваа одлука е неправедна и е во спротивност со Законот за употреба на јазиците, односно албанскиот јазик, со кој се предвидува банкнотите и полициските униформи да бидат и на албански јазик, или како што е предвидено со Законот за јазиците кој го зборуваат најмалку 20 отсто од населението на целата територија на Северна Македонија!

Овој нов моментум покажува дека владата на СДСМ-ДУИ, која постојано се повикува на двојазичност и се обидува да претставува еднакви вредности на јазична еднаквост, не е доволно подготвена целосно да го имплементира Законот за јазиците.

Најавата на гувернерката на Народната банка, дека новите банкноти со новото име на државата ќе бидат без албански јазик и само на македонски јазик, ја вади на  виделина демагогијата и чаламењето на ДУИ, која постојана на предизборни кампањи и во телевизиски дебати дека новите банкноти и полициски униформи ќе бидат и на албански јазик.

Ја прашуваме ДУИ зошто му дозволи на Народна банка на Република Северна Македонија да донесе одлука за нови банкноти без албански јазик, додека се уште немаме оценка од страна на Венецијанската комисија за двете оспорени одредби за употребата на албанскиот јазик во банкноти и во полициски униформи?!

Зошто ДУИ дозволува да го нема албанскиот јазик на банкнотите, додека немаме ниту одлука на Уставниот суд, кој е најповикан и најкомпетентен орган за оспорување или не, на двата члена од Законот за употреба на јазиците. Овој моментум, всушност, ни кажува дека ДУИ нема ниту капацитет ниту знаење даги штити барањата на албанските гласачи и албанскиот јазик, како што предвидува законот.

И на крајот, му се обраќаме на СДСМ и премиерот Зоран Заев, дека избори ќе има пак во РСМ и тие не ќе можат да манипулираат со Албанците со “јазична еднаквост”, се додека делумно го применува Законот за јазиците, со што им дава до знаење на Албанците дека албанскиот јазик во РСМ воопшто не е официјален и еднаков на македонскиот.