Алиоски стрелец во „петардата“ на Лидс, Арсенал врза две победи, Јунајтед до победата во последните моменти

Фудбалерите на Лидс Јунајтед со убедливи 5:0 славеа на гостувањето кај Вест Бромвич Албион во 16-то коло на англиското првенство, додека Арсенал со минимални 1:0 победи на гостувањето кај Брајтон со што ја оствари втората последователна победа.

Новиот тренер на ВБА, славниот Сем Алердајс, чиј тим пред два дена му зема бод на актуелниот првак Ливерпул на неговиот „Енфилд“, не мина добро на својот терен. Избраниците на Марсело Биелса едноставно протатнеа низ „Хаувторнс“ постигнувајќи пет погодоци и притоа зачувавајќи ја нечепната сопствената мрежа.

Уште при првиот погодок се насетуваше лош ден за ВБА, кога во 9 минута Ромејн Сајерс се реши да ја врати топката до својот голман Џонстон без претходно да ја види неговата позиција и со повеќе од 20 метри ја испрати топката во сопствената мрежа. По половина час игра за само девет минути Лидс постигна три погодока и на полувреме замина со убедливи 4:0. Прво македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски во 31 минута малку навнатре во шеснаесетникот прифати одбиена топка од домашната одбрана и со силен прецизен шут од левата страна со левата нога во спротивниот агол од голот на противникот. Во 36 минута погоди Џек Харисон, а веќе во 40 минута гол постигна и Родриго. Во следната минута Алиоски заработи жолт картон за остар старт, а конечниот резултат го постави Рафиња во 72 минута.

Лидс Јунајтед моментално е 11-ти на табелата со 23 бодови, а ВБА остана на осум бодови и останува претпоследен 19-ти.

 

За втората последователна победа на Арсенал заслужен е Александр Лаказет кој во 66 минута го постигна единствениот натпревар во Брајтон. „Топчиите“ последен и досега единствен пат оваа сезона врзаа две победи на почетокот, кога во првите две кола ги совладаа Филам и Вест Хем Јунајтед. Потоа следуваше серијата лоши резултати со кои Арсенал го забележа најслабиот влез во сезоната по 40 години.

Сега Арсенал е 13-ти со 20 бодови, и може до крајот на колото евентуално да назадува едно место на табелата. Брајтон е 17-ти со 13 бодови, и му се заканува паѓање во зоната на испаѓање.

 

Во последниот дуел во вторникот Манчестер Јунајтед на својот „Олд Трафорд“ до 93 минута не можеше да ја пробие одбраната на Вулверхемптон, а тогаш Маркус Рашфорд со голема помош на несреќниот гостински бек на Ромејн Сајс од кого топката се одби и го измами голманот Патрисио, успеа да го постигне победничкиот гол за важните три бода.

Манчестер Јунајтед сега со 30 бодови од 16 натпревари привремено дојде до 30 бодови, бод пред Лестер и Евертон, а два бодат зад водечкиот Ливерпул. Вулверхемптон, пак со 21 бод е 12-ти

Саутемптон и Вест Хем Јунајтед одиграа мирољубиви без голови, со што домашмите сега имаат 26 бодови и момемнтално се на 9-то место, а гостите со 23 бодови се 10-ти.

 

Барнли освои три важни бода во борбата за опстанок над давеникот Шефилд Јунајетд со голот на Бен Ми во 32 минута. Барнли се искачи на 16-ти место со 16 бодови, а Шефилд е убедливо последен на табелата со само два бода.

 

Во понеделик со резултат 1:1 завршија средбите Челзи – Астон Вила и Кристал Палас – Лестер.

Лестер со бодот моментално дојде на втората позиција со 29 бодови, Астон Вила е петта со 26 бодови колку што има и шестиот Челзи а Кристал Палас е моментално 14-ти со 19 бодови.

 

Во среда на распоред се натпреварите Тотенхам – Фулам, Њукасл – Ливерпул и Евертон – Манчестер Сити.