Алиоски: Турнирот е посебен, но ќе се обидеме да му пристапиме како да на секој претходен натпревар

Македонскиот фудбалски репрезентативец Езџан Алиоски, верува дека Македонија може да направи сензација на претстојниот собир на најдобрите селекции од стариот континент.

Во изјава за „sn.at“, фудбалерот на Лидс  вели дека Горан Пандеве е легенда на македонскиот фудбал, но во националниот тим има и други играчи кои во претходните сезони се етаблираа во најсилните лиги во Европа.

„Горан Пандев е легенда, но имаме и други важни играчи кои се етаблираа во најсилните лиги во светот. Покрај тоа, ние повеќе од пет години играме заедно во македонскиот дрес, сплотени сме и тоа нè прави посилни“, вели Алиоски.

.„Мислам дека Холандија дефинитивно е најголемиот фаворит во групата. Но, во фудбалот секогаш има изненадувања и ние сакаме да покажеме дека знаеме да изненадиме. Нашето ново искуство со настапот на Европскотпо првенство не треба да ни претставува сопка. Турнирот е посебен, но ќе се обидеме да му пристапиме како да на секој претходен натпревар“, додаде 29-годишниот Алиоски.