Алиовски и Тричковски ќе играат во групите од Лига Европа

Фенербахче со 4:1 ја победи Австрија Виена и го завери пласманот во групната фаза од Лига Европа, убедлив беше и тимот на АЕК Ларнака кој славеше со 3:0 над Днипро.

Алиоски го одигра целиот натпревар за Фенербахче кој и по вторпат ја совлада екипата на Австрија Виена.

Турскиот тим овојпат победи со 4:1 и со вкупни 6:1 оди во групната фаза од Лига Европа.

Таму ќе биде и Тричковски со АЕК Ларнака, тие денеска со 3:0 славеа над Днипро и со вкупни 5:1 се пласираа понатаму.

Тричковски поради вирус не беше дел од денешниот натпревар.

Место во групната фаза од Лига Европа избори и Ракип со Малме. Тие победија со 2-0 на гостувањето кај Сиваспор, а македонскиот репрезентативец беше асистент на првиот гол.