Aлиша Кис ќе биде домаќин на Греми наградите 

21

Алиша Кис ќе биде домаќин на наградите Греми 2020 година, по нејзиното моќно искуство како домаќин на шоуто во 2019. Пејачката досега во својата кариера има освоено 15 гремија. Сега Алиша Кис ќе направи историја на Греми со тоа што ќе стане прва жена уметник која била домаќин на шоуто на годишни музички награди повеќе од еднаш.

Американската Рекординг Академија (американска академија на музичари, продуценти, и други музички професионалци – позната по Греми наградите за достигнувања во музичката индустрија) во средата објави дека 38-годишната Кис повторно ќе биде домаќин на 62-то издание Grammy Awards во 2020 година.

Таа прв пат беше домаќин на шоуто минатиот февруари.

Во изјава за медиуми, Кис рече: „Мислев дека минатата година беше еднократна работа, но кога се појави нова можност, немаше никкаво двоумење да се вратам како домаќин“.

„Минатата година беше моќно искуство за мене. Не само што ја чувствував љубовта во самата просторија туку и од целиот свет, и тоа ја потврди исцелителната и обединувачка моќ на музиката “, рече таа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.