Аљими: Требаше за имунитетот на Велјановски да гласаме во 23 часот, а не порано

Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Ејуп Аљими, се огласи на фејсбук околу синоќешното гласање на собраниската комисија за имунитетот на Трајко Вељаноски, објави „Фокус“. 

-Зошто предвреме се прекина работата на мандантно-имунитетната комисија синоќа? Синоќа околу 19:00, по дводневната работа во комисијата за судското барање да се одземе имунитетот на пратеникот Вељаноски, на пратеникот Агим Шаќири му се слоши и заврши во Клиничкиот центар во Скопје. Лекар му препиша терапија и му нареди да остане во болница вечерта. Го посетивме и синоќа и утринава. Соочувајќи се со оваа ситуација, околу 21:00 часот кога требаше да продолжи седницата по паузата, ја побаравме заменичката на Агим, пратеничката Мирсада Емини- Асани од Гостивар за да го замени Агим. Испративме возач да ја земе нашата пратеничка и да ја донесе, но околу 21:30 часот, неочекувано и не според договореното, комисијата прекина со работа и ја стави одлуката на гласање без да ја почека нашата пратеничка која ќе пристигнеше околу 22:30 часот, додека рокот истекуваше на полноќ, напиша Аљими.