12.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

Алка Вуица за вакцинацијата: Југославија за седум дена вакцинираше 20 милиони жители

Хрватската пејачка Алка Вуица на својот Инстаграм ја коментира актуелната тема со вакцинацијата.

„Имав 11 години. Во то „мрачно време“се појави болеста големи сипаници. Југославија вакцинираше 20 милиони нејзини жители за седум дена. Само да знаете колку значеше Институтот за имунологија и колку добро ќе ни дојде во оваа војна со ковид-19 и залудните обиди за набавка на вакцини “, напиша Алка.

“Денес би било многу поважно да имаме функционален институт за имунологија отколку четири МиГ-а … Затоа што никој нема да не нападне од воздух. Биолошката војна е нашата реалност. А Европа? Не сметајте на тоа. Сметајте на нас или, што би правеле нашите постари? тие рекоа: веруј у се и у своје кљусе’ ”, рече пејачката.

„Браво Алка“, „Секој збор ти е на место“, „Точно е Алка“, се согласија следбениците под објавата.