„Алкалоид АД“ Скопје оствари позитивни финансиски резултати во 2017-та

Македонскиот и регионален фармацевтски гигант „Алкалоид“ забележа уште една успешна година, односно за целата мината 2017 година има раст на консолидираните продажби од 10 отст отсто, раст на консолидираната нето добивка од 11 отсто, инвестиции во износ од 861,4 милиони денари и 143 нови вработувања

Позитивните финансиски резулатат за периодот на ланските јануари – декември, како што инфромираат од компанијата, ги покажуваат неревидираниот единечен и неревидираниот консолидиран Биланс на успех.

Според единечниот Биланс на успех, во периодот јануари – декември, продажбите достигнуваат 6.932.176.270 денари, што е за 8 отсто повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која изнесува 1.305.754.848 денари, бележи зголемување од околу 8 проценти, единечната нето добивка изнесува 765.954.710 денари и истата е зголемена за 9 отсто.

Во периодот јануари – декември, вкупните консолидирани продажби достигнуваат 9.094.716.094 денари, што е за 10 отсто повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Консолидираните продажби остварени на домашен пазар се зголемени за 5 проценти, додека вкупниот консолидиран извоз на компанијата е зголемен за 13 отсто.

Од вкупните консолидирани продажби, 38 отсто се остварени на домашнот пазар, додека 62 проценти се остварени на странски пазари. Гледано по региони, во земјите од Југоисточна Европа се остварени 33 отсто, во Русија и другите земји од ЗНД се остварени 7 отсто, во земјите од Западна Европа (ЕУ и ЕФТА) се остварени 20 отсто и на останатите пазари се остварени 1 отсто од вкупните консолидирани продажби.

Притоа, најзабележителен раст е остварен во Велика Британија со продажби од 202.665.540 денари што претставува зголемување за 13 пати и Унгарија со продажби од 31.452.936 денари што претставува зголемување за 3,5 пати споредено со истиот период од минатата година. Кај извозните пазари пораст бележат и следните земји: Романија раст од 60 отсто, Чешка раст 22, Полска раст од 65, Словенија раст од 12 отсто, Хрватска раст од 13, Русија раст од 17 и Украина раст од 208 отсто, итн.

Гледано по групи на производи, во структурата на вкупните консолидирани продажби, најголемо учество заземаат производите од сегментот Фармација, и тоа 85 проценти. Од нив поголем удел имаат ОТЦ препаратите со 21 отсто, Кардиолошките препарати со 16 отсто, Антибиотиците со 14 отсто, Невролошките препарати заземаат 13 отсто од вкупните консолидирани продажби итн. Сегментот Хемија, Козметика и Билкарство учествува со 15 отсто во вкупните консолидирани продажби или поточно Хемија учествува со 3 отсто, Козметика со 9 и Билкарство учествува со 3 отсто.

Консолидираната добивка пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која достигнува 1.413.336.067 денари бележи раст од 9 отсто, додека нето консолидираната добивка во износ од 809.277.171 денари е зголемена за 11 проценти. Вкупните инвестиции во основни средства во споменатиот периодот изнесувале 861.420.437 денари, а притоа во „Алкалоид“ се реализирани 143 нови вработувања нво Република Македонија.