Алкалоид ќе исплати дивиденда 19 отсто повисока од претходната

Една најуспешните македонски компании, регионалниот фамрацевтски гигант скоспки Алкалоид АД соопшти дека ќе исплатува дивиденда за акциите во компанијата за 2019 година во бруто износ од 360 денари или 324 денари нето, по акција.

Износот е за дури 19 отсто повисока од дивидендата која Алкалоид ја исплати за 2018 година.

Компанијата ја извести денеска Македонска берза дека Управниот одбор на друштвото вчера ја донело одлуката за дивидендата. Таа треба да се усвои на седницата на годишното Собрание на акционери кое ќе се одржи на 6 април.

Инаку според предлогот, последен датум на тргување со право на дивиденда е 21 април 2020 година, а датум на стекнување право на дивиденда за 2019 година е 23 април 2020.

Дивидендата ќе биде исплатена во готово на трансакциски сметки на акционерите.

Компанијата одлучи да ја зголеми дивидендата за годината во која продолжи со одличните финансиски резултати, успешниот раст и на домашниот и на странските пaзари.

Инаку, лани Алкалоид подели дивиденда за 2018 година во од 320 денари по акција во бруто износ, односно 272 денари нето или за 19 отсто по