Алкалоид ја проширува соработката со факултетите во интерес на младите кадри

Македонскиот и регионален фармацевтски гигант „Алкалоид“ денеска ќе го потпише „Меморандумот за соработка за програмата по практикантсво“ со „Фармацевтскиот Факултет“ и „Институтот за хемија“ на „Природно-математичкиот Факултет“, двата при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Согласно континуираните заложби поддршка на млади, талентирани и амбициозни кадри „Алкалоид АД Скопје“ ќе отпочне проект за практиканство, преку кој на студентите, кои се на додипломски и после дипломски студии на горенаведените факултети, ќе им се овозможи вклучување во секојдневните компаниски процеси и активности, со цел да се зајакнат нивните професионални вештини и взаемно да се поттикне научно-истражувачката работа.

„Меморандумот за соработка“ ќе го потпишат генералниот директор и претседател на управниот одбор на „Алкалоид АД Скопје“, Живко Мукаетов и деканите на респективните факултети Светлана Кулеванова и Ицко Ѓоргоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.