Алкалоид ќе исплаќа повисока дивиденда за 8 отсто во однос на претходната година

Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје на седницата одржана на ден 01.03.2018 година донесе Предлог-Одлука со која му предлага на Собранието на акционери исплата на дивиденда за 2017 година во износ од 270,00 денари бруто, односно 243,00 денари нето по акција, што е за 8 отсто поголема во однос на исплатената дивиденда по акција за претходната година од 250,00 денари бруто, односно 225,00 денари нето.

Последен датум на тргување со право на дивиденда за 2017 година е 17.04.2018 година.

Прв датум на тргување без право на дивиденда за 2017 година е 18.04.2018 година.

Датум на стекнување на право на дивиденда за 2017 година е 19.04.2018 година.

Исплата на дивидендата за 2017 година ќе започне од 16.05.2018 година.