Алкалоид продолжува да “реди” победи на Европскиот куп

Алкалоид си "реди" победи на Европскиот куп

Во сите пет нерешени партии се водеше упорна и долга борба, до исцрпување на објективните ресурси за игра, а најзаслужен за победата е велемајсторот Дмитриј Андреикин кој со бели фигури го совлада Вугар Расулов.

Од останатите македонски екипи кои се натпреваруваат во Европскиот клупски куп победа оствари и тимот на Гамбит Асеко кој со 4:2 го совлада Кадлер од Холандија, додека Центар и Карпош доживеаја порази.

Најуспешен тим во досегашниот дел е Сокар од Азербејџан со 15 поени по табли, а по него следат Аве Нори Бор (Чешка) исто така со 15 поени, македонскиот шампион Алкалоид со 14,5 поени, Медни Всадик (Русија) со 14,5 поени и Сиберија (Русија) со 14 поени.

Од останатите македонски екипи, тимот на Гамбит Асеко е на 15-то место со 4 бода и 10 поени по табли, Центар е 44-ти со 1 бод и 6 поени по табли, а Карпош е без бодови и 4 поени по табли.

Во женска конкуренција, пак, единствениот претставник Гамбит Асеко по три кола се наоѓа на третото место.