Алкалоид продолжува со победите – совладан е и Осло

Во второто коло Алкалоид го совлада составот од Норвешка, Осло со 5,5:0,5.

Василиј Иванчук, Дмитриј Андрејкин, Јури Криворучко, Јанг Ји Ју и Филип Панчевски успеаа да освојат цели поени додека единствено ремизираше Евгениј Томашевски во соочувањето со Симен Агдештајн.

Нашиот втор претставник Асеко Гамбит доживеаа пораз од 4,5:1,5 во дуелот против составот од Чешка, АВЕ Нови Бор.

Цел поен освои ФИДЕ мајсторот Дејан Динев, а на првата табла Роберт Маркус ремизираше со Радослав Војташек.

Шахистите на Алкалоид и натаму се меѓу водечките тимови и по две кола се на третото место зад Сокар од Азербејџан и АВЕ Нови Бор, додека Асеко Гамбит во моментов е на 13-тата позиција.