Алкалоид со новата победа против Вардар стана вицешампион на Македонија, oбезбеди директно учество во ЕХФ Лигата на Европа

Алкалоид му ги замати сметките на Вардар во обидот да стигне до шампионска титула, но сега го остави најтрофејниот клуб во Македонија и без второто место во директната битка која денеска се играше во „Јане Сандански“.

Откако Еурофарм Пелистер го подигна пехарот на мечот со Тиквеш, единствена непозната беше само второто место на табелата, кое на крајот му припаѓа на Алкалоид кој оствари историски успех во својата премиерна сезона во македонсата елита.

Момчињата на Кирил Лазаров по вторпат оваа сезона му земаа мерка на Вардар, овојпат на гостински терен во Аеродром и со тоа обезбедија директно учество во ЕХФ Лигата на Европа.

Натпреварот почна со подобар ритам на Вардар го поведе со 5:3, но Алкалоди направи серија од 4:0 и почна да го диктира темпото на играч. Младите играчи на македонскиот селектор имаа предност од 12:8 во самата завршница на првиот дел, но Вардар врза два гола и на полувреме се замина со 12:10.

По 15-тина минути игра во вториот дел, Вардар дојде до егал ситуација и израмни на 18:18, но повторно скапо ја плати деконцентрацијата и му дозволи на Алкалоид да се одлепи, што беше пресудно за конечен пораз од 21:25.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.