„Алкалоид“ со нови инвестиции ја зацврстува позицијата на европските пазари

„Алкалоид АД“ регистрираше ново друштво во Словенија, под името „АЛКA-ЛАБ“, со седиште во Љубљана. Станува збор за воведување сопствена хемиска лабораторија за тестирање на производи на територијата на Европската Унија, со цел пуштање во промет серија лек, инвестиција вредна околу 600 илјади евра. Новоформираното друштво е во 100 отстотна сопственост на „Алкалоид АД“ Скопје.

Зајакнување на позициите на пазарите на ЕУ како и постигнување што поголемо пазарно учество, се главните цели од кои произлегува овој потфат.

Со континуираните вложувања во и надвор од границите на Македонија, „Алкалоид“ ги продолжува активностите за зацврстување на извозните позиции на компанијата како главна стратешка определба.