„Алкалоид“ со раст на консолидиран извоз и нови вработувања

„Алкалоид“ Скопје оствари позитивни финансиски резултати  во првото полугодие од 2015 година. Ова го покажуваат резултатите од неревидираниот единечен и неревидираниот консолидиран Биланс на успех.

Раст на консолидираниот извоз

Во периодот јануари – јуни, вкупните консолидирани продажби достигнуваат 4.050 милиони денари, што е за 9% повеќе во споредба со истиот период лани. Вкупниот консолидиран извоз на компанијата, пак, е зголемен за 15%. Зголемување од 9% е забележано и кај вкупната добивка пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која во првото шестмесечје годинава достигнува 554 милиони денари, додека нето консолидираната добивка од 301 милион денари е зголемена за 5%, покажува консолидираниот Биланс на успех, соопштуваат од „Алкалоид“.

Во периодот јануари – јуни, според единечниот Биланс на успех продажбите достигнуваат 3.068 милиони денари, што е за 3% повеќе во споредба со истиот период лани. Добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која изнесува 537 милиони денари, бележи зголемување од околу 7%, додека нето добивката е зголемена за 3%.

Во периодот јануари – јуни, според единечниот Биланс на успех продажбите достигнуваат 3.068 милиони денари
Во периодот јануари – јуни, според единечниот Биланс на успех продажбите достигнуваат 3.068 милиони денари

Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари – јуни 2015 година изнесуваат 422.120 илјади денари.

Реализирани нови вработувања

Во периодот јануари – јуни 2015 година во „Алкалоид“ се реализирани 56 нови вработувања во Република Македонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.