„Алмакос“: Ристовски е натепан зашто не давал пари за училиштата со настава на албански јазик

1966

Членовите на семејствата на Кумановската група, во изјава за весникот „Лајм“, дале објаснување во врска со инцидентот што се случи денеска во затворот Шутка, каде претепани беа поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, пишува „Алмакос“.

Денеска во утринските часови во затворот, Лирим Красничи го нападнал Спиро Ристовски, поради расправија околу финансирањето на училиштата каде се одвива настава на албански јазик, гласи една од изјавите.

Во 14 часот, Есат Кафеголи го претепа Миле Јанакиевски, бидејќи тој го нарече албански терорист, велат за „Лајм“ членови на семејствата, откако стапиле во контакт со своите роднини од затворот.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.