Алонсо истовремено го критикува и го брани Роналдо

Искусниот играч за врска од редовите на шпанскиот гигант Реал (М), Чаби Алонсо, истовремено и го критикуваше и застана во одбрана на најдобриот фудбалер на денешницата, Кристијано Роналдо, кој неделниот дерби натпревар против екипата на Атлетик (Б) го заврши предвреме поради добиениот директен црвен лартон.

„Однесувањето на Роналдо е неприфатливо, не смееше тоа да го направи, но не заслужи директен црвен картон. Не стануваше збор за некава агресија, судијата претера со донесената одлука. Гурпеги претера со реакцијата, а голем удел врз судиската одлука имаше и реакцијата на домашната публика. Ова е нешто веќе видено, ништо ново,” изјави репрезентативецот на Шпанија.

Иако Реал (М) ја пропишти дадената шанса да се искористи големиот кикс на Барселона, Алонсо и понатаму е убеден дека се е во нивните раце и нозе кога е во прашање борбата за шампионската титула.

„Ние не се замараме со останатите клубови кои се во борба за шампионската титула. Нашата судбина е во нашете раце и во нашете нозе. Во игра се уште многу бодови, а ќе ни биде многу интересно до крајот на актуелната сезона”, изјави Алонсо.