Алсат дознава дека Морина ќе биде ослободен

Телевизијата Алсат во понеделникот објави дека има сознанија дека е донесена одлука за ослободување на пораншниот припадник на ткн Ослободителна војска на Косово (ОВК – UCK), Томор Морина, кој беше уапсен од македонската полиција по потерница од Интерпол распишана од Србија.

Телевизија Алсат-м дознава дека е донесена одлука за ослободување на Морина, стои во нивната кратка вест објавена на нивниот сајт.

Томор Морина е во притвор повеќе од две седмици. Тој беше уапсен на 24-ти јули од македонската полиција на граничниот премин „Блаце“. ИНТЕРПОЛ, на барање на Србија, издаде налог за апсење на Морина.

Поранешниот припадник на Ослободителната војска на Косово (ОВК – UCK), Томор Морина, беше приведен во Македонија по налог на меѓународната полициска организација Интерпол изаден од Србија која го обвинува за воени злостроства врз цивили во текот на војната 1998/1999 година.

Официјален Белград веќе побара екстрадиција во Србија, но ова барање прво треба да го разгледа Кривичниот суд во Скопје. Сепак, одбраната на Морина минатата седмица соопштио дека не верува оти поранешниот војник на ОВК ќе биде екстрадиран во Србија.

Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ уште на почетокот од авгјуст изјави дека не може да верува оти Македонија нема да го екстрадира Тимор Морина, бидејќи тоа би било непочитување на меѓународното право. Стефановиќ тогаш оцени дека загрижува тоа што „претставниците на приштинските власти тврдат дека тоа нема да се случи“ што, како што кажа „упатува дека се во дослух со органите на Македонија“. Додаде дека не може да замисли дека „Македонија, себеси тоа ќе си го дозволи

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.