Алсат: Дражавата со години дава субвенции за вработување на етнички заедници

Работодавачите во приватните фирми неколку години наназад добиваат субвенции од државата доколку вработат граѓани од таргетирани ранливи категории од етничките заедници.  Во 2018 година субвенции добивале работодавачите кои ќе вработат жени од помалите етнички заедници, но во последните две години оваа ставка е променета со вработување на жени од  сите етнички заедници. Па така секој работодавач кој по некој од овие основи вработил лице во неговата фирма  добива субвенционирана бруто плата во износ од 19 илјади денари за период од три, шест, или дванаесет месеци.

Работодавачот е должен да го задржи вработениот две и пол години на работа за може да користи 12 месечно субвенционирање. На последниот оглас објавен оваа година во јуни, Агенцијата нуди субвенции за фирми кои ќе вработат жени припадници на ромската етничка заедница и жени од останатите етнички заедници. Огласот е отворен до крајот на годинава. Од Агенцијата за вработување велат дека оваа субвенционирана мерка е со цел да им се помогне на различни категории на граѓани кои подолго време не можат да се вработат, жртви се на семејно насилство или се самохрани родители. Оваа програма е дел од оперативниот план за вработување на Владата за што беа издвоени 1,4 милијарди денари. Колку пари се издвоени конкретно за субвенционирање на мерката за вработување на жени од етничките заедници не е познато, но од Агенцијата велат дека изминативе години колку што се спроведуваа оваа мерка имало голем интерес од фирмите.