„Алсат“: И Спиро Ристовски нападнат во затворот во Шутка

85

Миле Јанакиески, поранешен министер и осомничен дека бил организатор за насилниот 27 април, денеска бил претепан во истражниот затвор Шутка, каде отслужува 30 дневен притвор, објави Алсат.

Поранешниот министер од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Спиро Ристовски, кој од синоќа е во притвор денеска бил нападнат во истражниот затвор, Шутка, дознава Алсат од извори во затворот.

-Неофицијално, нападот се случил во дворот додека притворениците шетаат, а расправијата започнала кога друго лице и Ристовки влегле во вербална расправија и настанала меѓусебна турканица. Неофицијално, по настанот двајцата биле прегледани и однесени на лекар, објави Алсат.

Инаку, Спиро Ристовски и Миле Јанакиески од синоќа се во 30 дневен притвор бидејќи Обивнителството ги сомничи декла се дел од петмината кои ги организирале насилствата во Собранието на 27 април, пред две години.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.