Aлсат М: Советот на обвинители незадоволен од извештајот на Русковска за „Рекет“

Два дена по апсењето на Катица Јанева, Обвинителството испрати официјално писмо до Советот на обвинители во врска со развојот на случајот „Рекет“. Вториот човек на Советот, Меџит Јусуфи за Алсат М изјави дека информациите испратени до Советот од страна на Обвинителството не биле целосни. Поради тоа, Советот уште еднаш бара од Обвинителството за организиран криминал да достави целосни информации или на седницата на Советот во понеделник самата обвинителка Вилма Рускоска да се појави кај нив за да каже повеќе информации за предметот. Заменик-претседателот на Советот на обвинители, Меџити вели дека по целосните информации што ќе ги добијат, Советот ќе подготви извештај што ќе биде испратен до Собранието.

Специјалната обвинителка Лиле Стефанова, која ги води предметите „Титаник“ и „Империја“, рече дека постои правна основа за избор на в.д. претседател на СЈО, но самата таа вели дека нема амбиција да ја замени Катица Јанева.

Во врска со наследникот на Јанева, премиерот Зоран Заев рече дека мора брзо да се одговори на законот со назначување на. вршител на должноста шеф на СЈО.

По разгледувањето на извештајот на Советот испратен до Комисијата за избори и именувања и со согласност на четирите најголеми партии во Собранието, на пленарна седница со 2/3 од гласовите и Бадентерово мнозинство, треба да се одобри формалниот предлог за разрешување на Јанева. Потоа решението ќе биде вратено во Советот на јавни обвинители за конечна одлука. Катица Јанева на чело на СЈО со четиригодишен мандат, кој истекува следниов месец, беше назначена на 15 септември 2015 година.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.