Алтернатива бара одговори за прекинатиот холандски проект, нарекувајќи го тежок скандал

Поминаа 24 часа откако од холандскиот амбасадор дознавме дека заради корупција е прекинат проект наменет за Судскиот совет. Тежок скандал кој директно ги загрозува нашите европерспективи. Не треба да се залажуваме и да мислиме дека ова е нешто што ќе помине за три дена – реагира партијата Алтернатива, изразувајќи длабока загриженост за ваквите одлуки на Кралството Холандија.

Клучната дилема е дали се најавува нова пречка на патот кон ЕУ, сега заради високата корупција? Ако Владата навистина е толку посветена на европскиот пат, како што упорно се декларира во јавноста, тогаш не смее да молчи за овој тежок скандал. Наративот дека извршната и законодавната власт не се мешаат во третата, независна, судска власт одамна не поминува никаде. Особено поради бруталната партизација на секоја инстанца во правосудните органи. Затоа, министерот за правда Кренар Лога најмалку од срам требаше веднаш да ја депонира својата неотповилива оставка и јавно да признае дека Арбен Таравари, тој и Алијанса на Албанците се соучесници во партиските изживувања на ДУИ и СДСМ во правосудството на штета на стратешкиот колосек на државата“ – се вели во соопштението на Алтернатива.

Партијата соопшти дека уште пред 7 месеци предложила уставен амандан за спречување на застареноста на кривични дела сторени со политичка корупција од избрани и именувани лица, предлог кој наишол на висок степен на разбирање од страна на нашите најважни меѓународни партнери, но за жал, најодговорните во актуелната Влада, ДУИ и СДСМ, наместо да го прифатат амандманот, тие „преку своите мегафони“ дневно партиски ја обвинувале Алтерантива дека поставувала услови за поддршка на процесот на уставните измени.

Домашната задача нема да ни ја заврши никој друг од надвор, туку само ние самите. Нема бегање од болните теми. Порано или подоцна, соочувања со правдата мора да има. Токму сега е моментот сите парламентарни партии да се согласат да се интервенира во Уставот и да се создадат правни механизми кои ќе гарантираат дека ниту еден професионален политичар кој се огрешил нема да може да ја избегне правдата заради партиско влијание во правосудството. Очигледно е дека ЕУ-интеграцијата на Северна Македонија веќе нема да зависи само од внесувањето на Бугарите во Уставот. Колку побрзо ја разбереме реалноста, толку подобро за сите!“ – пишува Алтернатива во реакцијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.