Алтернатива до Филипче: Дали директорот на тетовскиот Клинички центар тепал вработен?

Опозициската Алтернатива го прашува министерот за здравство Венко Филипче дали е точно дека економскиот директор Артан Етеми во Клиничкиот центар Тетово нападнал лице од техничкиот персонал.

– За да не остане ова тепачка само како шпекулација, министерот за здравство, Филипче, е должен да објасни дали е вистина  дека директорот тепал вработен и, дури, побарал дополнително засилување, како што изјавија медиумите, и ако ова е вистина, која е одговорноста што ќе ја понесе тој?! Додека не се расветли овој случај, Алтернатива смета дека е опасно да се оди во Клиничкиот центар Тетово поради хулиганството на директорот – велат од Алтернатива.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.