
Алтернатива и БЕСА, партиите од албанскиот политички блок, објавија дека е потпишана политичка декларација за соработка.
„Во духот на барање начини за артикулирање на албанскиот опозициски глас во Северна Македонија, денеска – во просториите на Собранието, се сретнаа претседателот на Алтернативата, Африм Гаши и претседателот на Движењето Беса, Билал Касами.
Поводот за оваа средба беше формализирање на подготвеноста за соработка и координирање на политичките активности на двете партии во насока на градење опозициски камп кој првично ќе ги артикулира и брани стратешките интегративни интереси на земјата, албанските етнички и, воопшто, граѓанските потреби, додека понатаму ќе се насочи оваа соработка да се прошири и на други нивоа на политичка интеракција“, се вели во изнесеното соопштение.
Ваквиот чекор е делегитимирање, како што велат од таму, на оваа корумпирана, неспособна и штетна власт за интересите на државата и Албанците.
„За таа цел, двајцата градоначалници Гаши и Касами потпишаа заедничка изјава, што е формален залог на двете релевантни страни за официјализирање на овој договор“, се додава во информацијата.
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.