Алтернатива: Од нашите министерства на Таравари не му даваме

Алтернатива нема проблем Алијанса за Албанците да влезе во Владата но само ако СДСМ и ДУИ се решат да отстапат некое од своите министерства. Од партијата за Сител утрово велат дека не гледаат причина Алијанса да го зголемува владиното мнозинство

„Всушност мнозинството е истото што било и лани во оваа време кога Алтернатива се приклучи на оваа Влада, па затоа не гледам која би била причината за влез на некоја друга партија во владата. Единствена измена е стравот на ДУИ ќе може да остане без огнените пратеници. Во тој случај ДУИ ќе бара некоја резервна гума, а дали Алијанса ќе прифати да биде тој елемент, тоа е нивна одлука.“ – велат од Алтернатива за Сител.

Премиерот Ковачевски и лидерот на ДУИ Ахмети веќе потврдија дека разговараат со Таравари за влез на Алијанса во Владата но до овој момент соработката барем официјално се уште не е договорена.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.