По најавата дека Владата се задолжила со нови 700 милиони евра, Алтернатива изразува загриженост дека овој долг на Владата дополнително ќе ја влоши социо-економската состојба на граѓаните. Во известувањето на Владата се вели дека 500 милиони евра ќе бидат искористени за отплата на претходниот долг, додека за да се добијат останатите 200 милиони, таа ги задолжи граѓаните со нов долг за 700 милиони евра. Овој долг ќе мора да се плати до март 2028 година, додека годишната рата ќе биде 1,6 проценти.
Ние сметаме дека, како што стана вообичаено за ова владино мнозинство пред избори, дел од позајмените средства ќе бидат искористени за отплата на долговите на општините, со кои управува овој состав. Од друга страна, за жал, сите сме сведоци на крајно лошото управување со јавните средства од страна на градоначалниците. Тоа значи дека тие ќе продолжат да ги злоупотребуваат јавните средства, додека сметката за тоа ќе ја плаќаат граѓаните.
Поаѓајќи од тоа, Алтернатива предлага овие средства да се користат за обезбедување на вакцината Covid 19 и за обезбедување дополнителна економска поддршка за граѓаните, а не тие да се користат за спасување на кариерите на консумираните политички личности.