Алушовски потврди дека двајца познати македонски ракометари се нови имиња во Вардар

После натпреварот против Монпелје, тренерот на македонскиот и европски шампион Вардар, Стефче Алушовски потврди две нови имиња во тимот.

Станува збор за репрезентативниот голман Борко Ристовски и младиот лев бек Марко Мишевски.

Ристовски (37) своевремено веќе ги бранеше боите на Вардар од 2001-2003 год., како и во периодот од 2010-2012 год.

Успеа со „црвено-црните“ двапати да биде шампион во македонската Суперлига, а двапати се закити и со трофејот во националниот куп.

Токму Вардар му беше последниот домашен клуб, после кој замина во странство настапувајќи за Гумерсбах, Ал Ахли, Кретеј, Рајн-Некар Левен, Барселона, а последната екипа му беше португалската Бенфика.

Исто така и Мишевски до лани беше во Вардар, а потоа се пресели во француската екипа на Гренобл.

Извор: Слободен печат