Алушовски повеќе не е тренер на Еурофарм Работник

Македонскиот ракометен прволигаш Еурофарм Работник ја прекина соработката со тренерот Стевче Алушовски.

  • Управата на РК Еурофарм Работник денес спогодбено ја прекина соработката со досегашниот прв тренер на клубот г-дин Стевче Алушовски. На вечерашниот состанок заеднички е констатирано дека во интерес на клубот и понатамошните настапи на екипата во ЛШ и СЕХА лигата најдобро е да дојде до прекин на соработката.
    Управата на РК Еурофарм Работник му се заблогодарува на досегашниот ангажман на г-дин Стевче Алушовски, му посакува многу здравје и понатамошни спортски успеси, стои во информацијата што битолскиот клуб ја објави на својот Фејсбук профил.

Битолчани по седум кола во регионалната СЕХА лига имаат три победи и четири порази, додека во Лигата на шампионите на девет средби остварија само две победи наспроти седум порази.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.