Алжир го раскина договорот за пријателство и соработка со Шпанија

Алжир го раскина 20 години долгиот договор за пријателството со Шпанија со кој двете држави беа обврзани да соработуваат во контролата на миграциските бранови што претставува ескалација на несогласувањата поради ставовите на Мадрид за Западна Сахара.

Државните медиуми во Алжир известија за одликата, без да наведуваат изводи, но познато е дека алжирските власти во март го повикаа својот амбасадор во Шпанија на консултација поради спорот околу Западна Сахара.

Шпански дипломатски извори за Reuters ја потврдиле одлуката на Алжир, и изразиле жалење и ја потврдиле доследноста на Шпанија на договорот.

Договорот од 2002 година ги обврзува двете страни да ги „продлабочат соработката во контрола на миграциските текови и борбата против криумчарењето луѓе“, според текстот своевремено објавен во службениот весник на Шпанија.

Алжир негодуваше кога Шпанија во март годинава рече дека го поддржува планот на Мароко да понуди автономија на Западна Сахара. Алжир, пак, го поддржува Полисарио, движење на независност на таа територија која Мароко ја смета за своја и главно управува со неа.

Од друга страна, пак, Алжир е клучниот снабдувач со гас на Шпанија, но алжирскиот претседател Абделмаџид Тебеуне претходно рече дека нема да биде раскинат договорот за снабдување поради дипломатските несогласувања.

Шпанското министерство за надворешни работи во средата соопшти дека ништо не укажува на тоа дека Алжир би можел да преземе мерки коишто влијаеле врз снабдувањето со гас, откако го раскинал 20-годишниот договор за пријателство, добрососедски односи и соработка со Шпанија.

Алжирската влада е сигурен партнер и на Шпанија ѝ дала гаранции од највисоките нивоа во врска со снабдувањето со гас, рече шефот на шпанската дипломатија Хозе Мануел Албарес за новинарите.

Се очекува Алжир да ги промени цените при склучувањето на новите договори за испораките на гасот со шпанските компании, рекол за Reuters неименуван извор запознаен со ситуацијата.

Според моменталниот договор, кој е долгорочен, Алжир гасот го испорачува по цена пониска од пазарната, рекол истиот извор.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.