Алжир силно заинтересиран за придружување на БРИКС

Алжирскиот претседател Абделмаџид Тебун изјави дека неговата земја е силно заинтересирана да се придружи на БРИКС, тврдејќи дека неговата земја ги исполнува сите услови да се придружи на оваа на групацијата држави, пренесе агенцијата Algeria Press Service.

„Алжир ги исполнува речиси сите услови за приклучување на БРИКС. Тој е длабоко заинтересиран да ѝ се придружи на оваа организација“, рече Тебун во телевизиското интервју според каналот Al Mayadeen.

Тебун, исто така, истакнал дека приклучувањето на БРИКС ќе му овозможи на Алжир да ја избегне вмешаност и учеството во „биполарни конфликти“.

Во јуни годинава Аргентина и Иран поднесоа барања за пристапување на БРИКС.

Подоцна во јули, претседателката на овој блок земји, Пурнима Анан, изјави дека добила најави оти за членство во организацијата планираат да аплицираат и Египет, Саудиска Арабија и Турција. Според неа, на веќе на следниот самите може да се очекува разгледување и носење одлука за приемот на овие земји.

Групата, која првично беше наречена БРИК, е основана во 2006 година од Бразил, Русија, Индија и Кина, пред Јужна Африка да се приклучи во 2010 година, додавајќи го С во акронимот. Групата од шест држави претставува повеќе од 40 отсто од светското население.

Во согласност со напорите за зајакнување на трговијата членките работат на интеграција на платните системи, зголемување на плаќањата во национални валути, како и воспоставување независен канал за размена на информации. Пред две години беше објавено дека државите на БРИКС се подготвени да создадат нов систем за заедничко плаќање наречен BRICS Pay, кој ќе биде сличен на постојните услуги на Apple Pay и Samsung Pay.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.