Алжирскиот авион со 116 патници се урнал во Нигер

Алжирскиот патнички авион, со кој денеска беше изгубена врската, се урнал во Нигер, јавува приватна алжирска телевизија.

Авионот кој превезувал 116 патници се урнал откако навлегол во воздушниот простор на Ниамеј, главниот град на Нигер.