Aлжирецот Калифа Гедбан нов голман на „Вардар“

Ракометниот клуб „Вардар“ успеа во последен момент да го донесе во свои редови голманот на младата алжирска репрезентација, Калифа Гедбан, па го комплетираше списокот на чувари на мрежата за претстојната сезона.

Гедбан(21) сезонава требаше да настапува за шпанскиот клуб „Пуенте Хенил“, кој преку својата инетрнет страница потврди дека постигнале договор со „Вардар“ и со ракометарот.

По заминувањето на Арпад Штербик, како и отказот на Страхиња Милиќ, „Вардар“ остана без голман, па го донесе Србинот Дејан Милосављев.

Вардар ја платил откупната клаузула во договорот на Гебдан со шпанскиот клуб и наскоро треба да ги среди сите формалности околу потписот на Алжирецот и да го промовира во нов голман.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.