Алжирките на протест излегоа во бикини

© AFP 2017 / Ryad Kramdi

Десетици млади Алжирки во рамките на акцијата на културниот протест започнаа да се појавуват на плажите во бикини, а не во помодарските костими за капање кои ја запазуваат исламската традиција – буркини, пренесува телевизијата France Info.

Граѓанското движење коешто во медиумите беше наречено „Протест бикини“, го објави мала група двојки на Facebook, а нивната цел е борба за правото жените да се појавуваат на јавни места облечени како што тие се чувствуваат.

Една од главните групи на социјалните мрежи беше создадена на почетокот од летово, а на почетокот од август веќе имаше повеќе од 5.2000 следбечнички, се додава во прилогот на телевизијата.

Во групата има и поддржувачи на традиционалистичкото буркини, додава France Inofo.

Десетиците девојки учествувале во протесната акција во престолнината Алжи и во градот Анаба.

„Тоа се случи на една од јавните плажи во Анаба, и сето мина многу добро. Некои од мажите се ѕвереа во нас, тие не се навикнати, но ништо не рекоа, веројатно затоа што бевме многу“, изјавла едена од учесничките во протестот. Според неа, на плажата се собрале околу 150 девојки во бикини.

Портпаролката на организацијата за заштита на човековите права Euromed, Сара Шелаљ, изјавила дека алжирското законодавст во никогаш не забранувало појавување на плажите во бикини.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.