Алжирската војска убила тројца вооружени терористи

Алжирската војска соопшти дека во саботата убила тројца вооружени исламисти и уапсила повеќе нивни соборци во операција на истокот од Алжир која уште трае.

Во заедничката операција на војската и безбедносните сили започната на 11 јуни во Константин и Скикди, на истокот од Алжир, „убиени се тројца терористи, уапсени се тројца терористи и осум помагачи на криминалните групи, а еден терорист се предал“, се наведува во соопштението на министерството за одбрана. Се додава дека во истата операција е запленето значително количество оружје, муниција и пари.

Од почетокот на годинава војската во планинските области на истокот од земјата убила повеќе од 40 исламисти, покажуваат официјалните податоци.

Алжирските власти со терминот „терористи“ ги означуваат вооружените од почетокот исламисти кои делуваат во земјата од почетокот на 1990-те години.

Насилствата кои им се припишуваат на вооружените исламист и кои го разорија Алжир во десетгодишната граѓанска војна, од 1992 до 2002 година, значително се ослабени, но групи сѐ уште се активни и главно ги напаѓаат безбедносните сили.