Ам(а)нестија

Веќе ми е смачено да трчам по дневно политичките настани, како група копиљаци у маало кога играат фудбал. Ниту се знае кој од која е, ни колку брои тимот, важно сите трчаат по топката, што на крајот на краиштата изгледа симпатично, ако ментално не внесувате труд да се сообразите со таквата ситуација.

Си ставите наметка на „капетан правда“ и со урликање тргнете напред, назад, ма не е важно, важно трчаш викаш оти и другите прават. И така, на терен глутница адренализирани деца, од страна родители кои дремат и чекаат копиљаците да се запотат, па после преслекување и дома. Јас нит сум „родител“, а уште помалку ми се „трча по топка“, повеќе би сакал да сум оној што отпосле со жица боцка и го собира ѓубрето наоколу, некако ми е пораат, не дека не сум самобендисан, ама големите интелектуални дилда се покажаа повеќе како хормонална хистерија повторно и повторно утињајќи на 2 метра од голот, дури ни шанса реална да биде па да кажеш – за малку утна.

Затоа додека сите како напад на уртикарија се чешаат за устав, промени и останато, што одамана е завршена работа (чепнете пред пар години мои какализи, дека се ова е одамна готово), па многумина ме прскаа со патритоски спреј да го истераат шејтанот вакцерски од мене. Не, не се обидувајте, да ме следите, бидеејќи оваа птеродактилна шкрабанарија е фонтирана мене за сведоштво, и знам, некако ми ц-цка дека едно пар души и ќе ме укапираат. Останатите, научени како стока на калница, да им се урла на уво напред, „оди!“, „застани!“ и натаму чекаат и читат колумни од какалитичари од кои сакаат да го слушнат она што им годи – а не она што е! Затоа и многу умни пера ми праќаат хистерични пишуванки како рекација, то сум напишал у претходната колумна само врз основа на тотално онотолошо промашено тумачење на некаков окот од дна на аналитико – срамота, ама барем не е моја.

Она што сакам, себе за душа, да го кажам, е мојата радост и среќа за амнестираните. Се радувам затоа што колку толку ги знам тие луѓе и знам дека не се криминалци. Знам дека шарените скотови квичат како џукели кога ќе ги замааш со камења, но и они немаат избор, нивната коцкаста глава не може да пресмета Пи. Конечно законот и не е правен за секој да го разбере – туку да се спроведе.

На последната Божиќна литургија, како и на секоја литургија, секоја недела, и така со години, децении, едно те исто го повторуваме БАРАМЕ ПРОШКА! Не дека не разбираме па, се повторува едно те исто, агејн енд агејн, туку дека се обидуваме да го „имитираме“ Вечниот Ден, ден во кој на сите ни е простено, каде сите сме заедно, на секоја литургија и Божиќ и Воскресение, тоа не е датум, тоа е начин на живот. И на секоја литургија се молиме, такви се правилата, за сите, па ги спомнуваме и оние кои се во затвор. Не, не сме таму да судиме или требиме по списоци за кого може и кој заслужил, не, таму се молиме за сите. И нема христијанин кој нема да се зарадува заради амнестија на свој ближен, брат, познаник, сограѓанин, затоа што тоа ни е длабока идеолошка и духовна цел, ослободени и слободни, без стеги на национализми, фашизми и секакви „изми“ – слободни луѓе во единство со Бога, Универзумот, Со СЕ!

Драги пријатели, никому не му пишав никакво писмо, никаква поддршка на притворените посебно некому, бидеејќи што и да кажев ќе беше реторика без суштина, јас маката ваша не ја знам и не можам да занм како ви било и пеколот кој сте го преживеале. Можам само да претпоставам. За мене само спомување пред Бога и запалена свеќа е едиствен суштествен начин да помогнеш некако. Среќен сум што сте на слобода, среќен сум што сте добро. Толку. Амнеситеја за секој и за се, ако Бог може да не ослободи од најтешки гревови, можеме и ние луѓето колку – толку, да се угледаме. И се угледуваме бидеејќи немало партија, немало власт и кај нас и во светот, која за да барем се обиде да направи некаков еквилибриум во општеството давала амнестија. Секако дека некому ќе му делува неправедно – и така е, но тука не сум јас да делам правда, туку да се зарадувам дека има шанси ова парче света кал да никне нешто, а чин на амнестија е еден од нив. И да, и претходно имаше амнестија и се палеа канцеларии, се тепааа полицајци се вандализираше, но секако дека не сметам да бидам старозаветен, кога народите биле многу приммитивни и барале око за око – заб за заб. Бог ни го поакажа патот на љубовта, кој е многу блед и тенок во политичкото живеење овде.

Колку и да му се лутите, Влатко Ѓорчев на 27 постапил како христијанин, и само заради таа промисла, ги прифаќам сите понатамошни деланија без да судам дали е праведно или не. 100 пати сум бил на исповест, и уште толку ќе одам, 100 пати ми ги простил Бог гревовите и уште кој знае колку пати ќе ми ги прости. Заслужив? Секако не, па зошто? Од љубов! Ќе речете – па во човечкото општество нема љубов, има право, правна наука и закони кои не признаваат љубов … ама, амнестијата е токму тоа, колку и да сака некој да ја изврти и можеби со право за некакви политички дилови, кои не се сомневам дека се прават, впрочем нема светиња во која не сме плукнале, сепак,мнестија одсекогаш била милост а милоста е аспект на љубов, ништо друго. Затоа и тогаш кога ја даде Иванов, и кога ја даде сегашнава влада и Црвенковски и Георгиевски итн, итн, ја поздравувам секоја амнестија, само слободни и освестени граѓани ќе направат позитивна промена. Жолти елеци!?!? Ма дајте – да не сменија нешто? Холвудски перформанс на улиците на Париз – евтино и со лоши ефекти. Прошка никогаш не сум добил без да побарам, барам и ќе барам и за себе и за другите.

Уште еднаш, добре дојдовте дома, сите амнестирани, искрено се радувам што се конечно со блиските.

Автор: Јанко Илковски за НетПрес