Амал го исфрлила Џорџ Клуни од домот

Актерот Џорџ Клуни и неговата 16 години помлада сопруга Амал неретко се тема на странските медиуми поради нивниот бурен однос.

Имено, овој познат пар наводно веќе некое време има проблеми во бракот, а се започнало кога тие требало да одлучат дали животот, кога тригодишните близнаци ќе тргнат во училиште, ќе го продолжат во Лос Анџелес или ќе се преселат во Лондон.

Локалните медиуми константно шпекулираат дека тие двајца наскоро би можеле да стават точка на бракот поради зачестените несогласувања, а како што сега дознаваат, се чини дека навистина дошол крајот, бидејќи како што велат, Амал го избркала од домот актерот откако тој не ни сакал да ја разгледа идејата за проширување на семејството и уште едно дете.

Брачниот пар неодамна наводно имал голема семејна кавга, по која актерот Клуни веднаш ја напуштил куќата во која моментално живеат и повеќе од еден месец тие не живеат заедно.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.