Аматерите од Луксембург го елиминираа Глазгов Ренџерс во Лига Европа

Екипата на Прогрес Нидеркорн од Луксембург направи големо изненадување откако синоќа во реваншот од првото квалификациско коло од Лига Европа го елиминира повеќекратниот шкотски првак Глазгов Ренџерс. Во реваншот резултатот беше 2:0, а на првиот дуел Глазгов Ренџерс победи со 1:0 и вкупниот резултат е 2:1 за Прогрес.

На вториот натпревар одигран вчера Балзан од Малта и Видетон од Унгарија одиграа нерешено 3:3, а Видеотон со вкупен резултат 5:3 се пласира во следната рунда.

Сите други реванш дуели од првото квалификациско коло се играат утре, кога ќе настапат и македонските екипи: Работнички, Пелистер и Шкендија.