Амазон ќе го тужи Пентагон за договорот за облачни услуги вреден 10 милијарди американски долари

Амазон го тужи Пентагон за договорот за облачни услуги вреден 10 милијарди американски долари, што го освои Microsoft кон крајот на октомври, пренесува АП.

Жалбата со која се оспорува договорот е поднесена вчера во федералниот суд. Тендерот за огромниот проект, познат како JEDI – Joint Enterprise Defense Infrastructure), ги исправи еден против друг водечките технолошки гиганти Microsoft, Amazon, Oracle и IBM.

Огромната нарачка го привлече вниманието на јавноста и во раните фази на процесот се појавија шпекулации дека победник ќе биде Amazon. Oracle и IBM ги повлекоа своите понуди и официјално го оспорија тендерот минатата година. Подоцна, Oracle го оспори случајот на суд, но го изгуби.
Новиот систем ќе складира и обработува големи количини на класифицирани податоци, овозможувајќи им на вооружените сили на САД да користат вештачка интелигенција за да го забрзаат военото планирање и борбената способност.

Договорот беше победа за облачната платформа на Microsoft- Azure, која долго време се обидуваше да се израмни со лидерот на пазарот – Amazon.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.