„Амазон“ е највредниот светски бренд

Вредноста на гигантот за електронска трговија се проценува на 315,5 милијарди долари, според листата на БрендЗ за топ 100 највредни глобални брендови кои ги составува истражувачката агенција „Кантар“. Со тоа „Амазон“ го зазеде првото место.

Според „Кантар“, скокот на „Амазон“ на листата се должи на нејзиното разнолико портфолио на услуги што покажува колку брендовите сега се помалку поврзани со одделни категории и региони.

Растот на „Амазон“ значи дека тој ги потисна колегите „Епл“ и „Гугл“ кои постојано беа 12 години на врвот на таа листа, на второто односно третото место. Брендот „Епл“ е проценет 309,5 милијарди долари, а „Гугл“ на 309 милијарди долари.

„Мајкрософт“ е четври на листата додека „Виза“ е на петтото место. Во првите 10 пласирани се сѐ уште „Фејбук“, „Алибаба“, „Тенсент“, „Мекдоналдс“ и АТиТ.