Amazon го оспори договорот на Пентагон со Microsoft

Најголемиот онлајн продавач „Amazon“ поднела тужба пред американскиот федерален суд оспорувајќи ја одлуката на Пентагон да склучи договор во вредност од 10 милијарди долари за создавање облачна инфрастуктура за чување податоци со компанијата „Microsoft“, пренесува агенцијата Bloomberg повикувајќи се на документот во кој имала увид.

Агенцијата известува дека тужбата била поднесена во петокот. Сепак содржината на дикументот не е објавена, со цел да се заштитат доверливите податоци.

Компанијата „Microsoft“ доби воен договор во вредност од 10 милијарди американски долари за создавње инфраструктура за скалдирање податоцви базирана на ткн облак, соопшти претходно Пентагон. „Amazon“ се сметаше за фаворит за добивање на овој договор и практочно победи на конкурсот пролетва годинава, меѓутоа американското министерство за одбрана во последен момент се предомисли и се одлучи повторно да го преиспита договорот.

Тоа се случи во заднината на жестоките критики од страна на претседателот Доналд Трамп на адреса на „Amazan“ и посебно на негповиот основач Џеф Безос. Од друга страна, пак, Трамп е постојано критикуван од весникот The Washington Post во кој удел има токму Безос.

Покрај „Amazon“, на вносниот договор со американската одбрана претендираа и компаниите IBM и „Oracle“, но тие испаднаа во раните фази од тендерот. Компанијата „Google“ уште во 2018 година се повлече од тендерот, поради критиките од сопствените вработени за соработката со Пентагон.