Amazon стана втората компанија во САД со пазарна вредност над 1.000 милијарди долари

124

Интернет продавницата Amazon во вторникот накусо стана втората американска компанија во историјата со пазарна вредност поголема од илјада милијарди долари, откако цената на нејзините акции се удвои последниот дванаесетмесечен период, поттикната од зголемените приходи од малопродажбата и работата во компјутерските „облаци“.

Во вторникот утрото цената на акцијата на Amazon на Волстрит порасна за речиси 2 отсто на рекордните 2.050 долари, па пазарната вредност на овој гигант во интернетската трговија надмина 1.000 милијарди долари. Меѓутоа, подоцна се спушти под ова ниво. Технолошката компнија Apple до ова ниво стаса на почетокот од август кога стана првата компанија во САД.

Инаку досега во историјата единствена компанија во светот чијашто капитализација достигна трилион долари беше кинескиот нафтен концерн „Petrochina“. На 5-ти ноември 2007 година оваа компанија ги повлече своите акции од Шангајската берза. Благодарение на ткн агиотажна побарувачка, капитализацијата на компанијата за неколку дена достигна трилион долари, но набрзо започна остро да опаѓа. Веќе по една година, во ноември 2008 година, вклучувајќи ги последиците од глобалната финансиска криза, „Petrochina“ чинеше пет пати помалку – 200 милијарди долари. Во моментов, пак, нејзината капитализација изнесува 196 милијарди долари.

Основана во 1994 година, Amazon во моментов е најголемата онлајн продавница на светот. Нејзиниот главен извршен директор Џеф Безос, е најбогатиот човек на светот, со нето вредност на капиталот поголем од 160 милијарди долари.

„Да се достигне пазарна вредност од 1.000 милијарди долари е импресивно. Да се направи тоа за помалку од 24 години е извонредно. Тоа што Amazon го постигна го покажува драматичниот напредок и во малопродажбата и во тејнолошкиот сектор, како и влијанието коешто сега го има ширум потрошувачкиот сектор“, оцени генералниот директор на компанијата „GlobalData Retail“, Нил Сандерс.

Во последниот квартал Amazon забележал продажба од речиси 53 милијарди долари, додека нето добивката достигнала рекордни 2,5 милијарди долари. Се очекува дека компанијата оваа година ќе покрие околу половината од интернетското купување во САД, и речиси 5 отсто од вкупниот малопродажен пазар во оваа земја, проценува истражувачката компанија „eMarketer“.

Во Аmazon се вработени повеќе од 575.000 луѓе ширум светот, а дава логистичка, магазинска, позајмувачка и продажна пларформа за стотици илијади независни трговци. Пеку многу исплатливото „клоуд“ работење Amazon е глобален лидер во индустријата.

Доколку растот на акцијата на Amazon го задржи сегашното темпо од вторникот, прашање е кога а не дали пазарната вредност на Amazon ќе ја надмине онаа на Apple. На Apple, како приватна компанија, ѝ беа потребни 38 години да достигне вредност од 1.000 милијарди долари, додека на Amazon за тоа му беше потребна 21 година. Иако паметните телефони iPhone и другите уреди на Apple и натаму остануваат популарни и нивните проходи растат, сепак не го следат жестокиот раст на Amazon, сметаат економските аналитичари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.