Амазон во САД вработува 100.000 работници заради коронавирусот

22

Амазон вчера соопшти дека во САД ќе вработи 100.000 работници, магационери и доставувачи  заради зголемените онлајн нарачки, пренесе агенцијата Хина.

Заради епидемијата на коронавирусот американските потрошувачи ги запоседнаа трговските центри и ги испразнија полиците со прехранбени и хигиенски потреби.

Испразнетите полици и стравот од нови построги мерки заради сузбивање на епидемијата од коронавирус, многумина Американци присили помош да побараат преку Интернет, односно компаниите за онлајн тргувања, каква што е и Амазон.

Амазон е една од компаниите најголеми работодавачи во САД, но бројот на работници сезонски варира. Во последниот квартал од минатата година, кога се разгоре божиќната потрошувачка, во неа имало 798.000 вработени, од кои дел биле вработени на одредено време, пренесе Хина.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.