Амбасадорката Агелер бришеше антисемитски графити во Бардовци

Амбасадорката на САД Анџела Агелер и градоначалникот на Општина Карпош Стевче Јакимовски земале четка и учествувале во бришењето на навредливи графити по зградите во Карпош.

Во заедничка еколошка акција, Општина Карпош и Американската амбасада денеска го одбележаа Меѓународниот ден за сеќавање на холокаустот, 27 јануари.

Американската амбасада во Скопје информира дека соработува со Општина Карпош за чистење на паркот плоштад во населбата Бардовци и за отстранување антисемитски графити од ѕидовите на локална зграда.
Над десетина членови на амбасадата се приклучија на иницијативата од вработен во амбасадата, за да се создаде средина ослободена од нетрпеливост и омраза.
Од Карпош информираа дека и вработените од локалната самоуправа учествувале акција за чистење на плоштадот во населбата Бардовци.
Во оваа пригода беа отстранети и недолични графити од ѕидовите со антисемитска содржина.