Амбасадорот Бејли замина од Македонија

Американскиот амабасадор во Скопје, Џес Бејли, денеска си замина од Македонија и дома ќе ги минува пензионерските денови по завршувањето на мандатот во Македонија. Амбасадата на САД утрово го испрати дипломатот.

„Ова утро, амбасадорот Бејли официјално ја заврши својата задача во Северна Македонија. Од сите во Амбасадата му се заблагодаруваме за неговата услуга и лидерство и му посакуваме успех во своите идни напори“, напиша амбасадата на САД на својот профил на социјалните мрежи.

Се збогува и самиот Бејли и со Твитер налог се заблагодари пишувајќи: „Благодарам Северна Македонија за вашето гостопримство, пријателство и љубезност. До следно видување – се гледаме!“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.