Амбасадорот Наумовски ќе биде повикан на консултации во Скопје

Нема недоразбирања и нема заобиколувања. Должност на нашите дипломатски претставници во странство е да бидат во постојан контакт и да се стават на услуга на високите претставници кога гостуваат во тие земји, изјави државниот секретар на МНР, Виктор Димовски.

Тој го даде овој одговор на новинарско прашање по поплаката на министерката за одбрана Радмила Шекеринска за игнорантскиот однос на амбасадорот Васко Наумовски за време на нејзината неодамнешна посета на САД.

Државниот секретар беше прашан дали не станува збор за мешање на ингеренциите на министерската за одбрана во работата на Министерството за надворешни работи, особено што медиумот имал сознанија дека слични случаи имало и во македонските амбасади во Стокхолм и Анкара.

-Во постапка и во договор со министерот Никола Димитров, амбасадорот Наумовски ќе биде повикан на консултации во земјата, при што во соодветна постапка ќе бидат утврдени сите факти од овој случај, рече Димовски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.